Повредена мајка и дете со скршеници и нагмечена глава примени во Ургентен

20-годишна мајка и нејзината 14-месечна ќерка, со видливи тешки повреди, вчера побарале лекарска помош во Ургентниот центар во државниот клинички центар.

По лекарскиот преглед било констатирано дека кај мајката има полесни повреди, но кај девојчето е откриен хематом на главата, односно нагмечување и фрактури на нозете.

Лекарите за случајот ја известиле полицијата, кои поради конфузните одговори на мајката, уште не можат да го лоцираат потеклото на повредите. Се истражува и дали се работи за физичко насилство.

Е.Д.

- Реклама -