Пејачката ја збеснала јавноста кога во програма во живо, гостувала несоодветно облечена.
Телевизијата BBC примила повеќе од 400 жалби поради тоа што пејачката Рита Ора се појавила во програма облечена во сако со предлабоко деколте.
„Крајно време е BBC да воведе правилник за облекување. Не сакам да гледам како нејзините гради излегуваат од сакото во друштво на моите деца“, пишува еден од гледачите.
Вчера и BBC се извини правдајќи се дека тоа не била нивна грешка.
„Ако некој се консултираше со нас, ќе побаравме да се облече во согласност со програмата која се емитува во 19 часот“.