Година дена по прекинот, ја обновиле својата врска и делуваат посреќно од било кога.
Ѕвездите од хит серијата која ги скриши сите рекорди, „Игра на престоли“, Кит Харингтон и Роуз Лесли по втор пат се среќно заљубени.
Овие лондончани се знаат и пред да почнат заедно да работат на мега популарната серија. Сепак, дури на сетот, пријателството се претворило во љубов.
Својата едногодишна врска ја прекинаа минатата година, но, како што се дознава од сигурен извор, веќе три месеца повторно се забавуваат. „Нема да живеат заедно ниту нешто слично“, изјавил неименуваниот извор и додал, „Тие едноставно уживаат“.
„Мислам дека тој не се гледа себеси како срцекршач“, рекла Роуз мислејќи на неговиот статус на секс симбол, „тој е навистина добар човек“.