Селсо Сантебанеш е 20 годишен модел од Бразил, кој што направил бизарни 50.000 пластични операции за да личи на Кен.
Селсо за британскиот весник „Мирор“ изјави дека потрошил повеќе од 50.000 долари „за да го усоврши својот изглед“, при што направил операции на носот, брадата, градите и вилицата, со цел што повеќе да личи на момчето на куклата „Барби“, „Кен“.
Освен тоа, тој вели дека сака да се однесува како „човечка кукла“ и „што повеќе да се чувствува како неговата омилена играчка“.
За сите кои се заинтересирани, Селсо се уште нема девојка.
– Кен ја бара својата Барби. Која сака да биде моја девојка?, напиша Селсо на неговиот Фејсбук профил.