Потрошил 100.000 долари за да изгледа како Џастин Бибер

„Некои луѓе купуваат скапи автомобили, некои скапи станови, а јас своите пари ги трошам за тоа што мене ми е најважно, а тоа е да изгледам како Џастин Бибер“, изјавил Тоби.

Screenshot_1

Тоби Шелдон има 33 години и е најголем фан на Џастин Бибер. Се прашувате како знаеме дека е најголемиот? Бидејќи потрошил години и луди пари за операции само за да изгледа како Бибер.

Screenshot_2

Кога велиме „луди“ зборуваме за износ од 100 илјади долари и пет години поминување по операциони сали. Тоби примал инекции со ботокс, пресадувал коса и направил „операција- насмевка“. Тој е убеден дека изгледот на Џастин се должи на неговата насмевка и тој напорно се обидел да се „здобие“ со иста таква- горната усна му е хирушки поткрената, а долната извадена малку нанапред.

Screenshot_3

Дали си ги фрлил парите во вода?

- Реклама -