Мјанмар и Бангладеш потпишаа Меморандум на разбирање за големата бегалска криза на муслиманската заедница Рохинџи.
Армијата на Мјанмар со месеци врши операции во областа Ракајн, каде живеат повеќето Рохинџи и досега околу 600.000 лица побегнаа во соседен Бангладеш да се заштитат од армиските акции.
Според Меморандумот, Мјанмар се обврзува што поскоро да ги прими назад бегалците сместени во камповите во Бангладеш.
Обврска на бегалците и на властите на Бангладеш е да ги испратат формуларите за регистрирање на бегалците во Мјанмар.
Извор на веста: Калимеро