Иако Бред Пит и Анџелина Џоли веќе имаат шест деца и преоптоварени работни планови, тие сепак одлучуваат додатно да го прошират своето семејство.
На славниот пар им падна на око едно девојче.
„Анџелина и Бред го поминаа поголемиот дел од празниците во проширување на семејството“, вели еден извор.
„Зборуваа дека и нивните деца се многу возбудени за тоа.“
Наводно, Бред и Анџелина сакале да присвојат девојче од Јордан, но поради проблеми со постапката се префрлија за Етиопија, од каде е и нивната најстара ќерка Захара.
„Отсекогаш сакаа таа да има брат или сестра со која ќе ги споделат своите африкански корени. Идеално би било ако е во прашање девојче на возраст од две или три години“, изјави истиот извор и додава дека посвојувањето ќе се случи во текот на месец април, пишуваат американсите медиуми.