Начинот на кој постарите се присетуваат на настани е во избледени бои.
Колку и да е колоритно вашето минато, се чини дека меморијата навистина бледее во црно-бело нијанси.
Научниците веруваат дека способноста да се сеќавате во боја бледее со текот на годините. Американски тим научници дошле до заклучок по извршување на експеримент во кој измериле колку точно учесниците биле способни да се сетат на серија точки во боја.
Во споредба на перформансите на група луѓе во нивните 60-ти години на група во нивните 20-ти, нивниот тим открил дека помладите луѓе биле подобри во поврзувањето на точките од иста боја.
Студијата е објавена во списанието Attention, Perception & Psychophysics, вкучувајќи презентирање на секој учесник со две, три или четири обоени точки на екран на компјутер. Точките исчезнувале, а по неколку секунди само една точка се појавила. Учесниците биле запрашани дали ја виделе таа боја во предходните точки. Помладата група, 13 луѓе со просечна возраст од 23 години, беа подобри од постарата група од 11 луѓе со просечна возраст од 67 години.
Скенирање на мозокот било превземено во текот на тестирањето и се покажало дека возраста не влијаела во складирањето на информациите, но не можеле да се присетат точно, иако било во краток временски рок.
Истражувачите сметаат дека помладите можат да користат друг вид на визуелна меморијам наречена перцептивна имплицитна меморија, но таа може да биде намалена со возраста.
Зошто препознавањето на боја избледува со годините?
Истражувачите сметаат дека помладите луѓе се способни да користат различен вид визуелна меморија. Тие веруваат дека тоа им дава „поттик“ кога се обидуваат да ги повратат информациите.