Последните пораки на Твитер на познатите кои повеќе не се со нас

Многу познати имиња повеќе не се со нас, но социјалната мрежа Твитер се уште ги чува нивните последни зборови.

Ејми Вајнхаус

„Оинка оинка оинка зоште сте будни“, е последната порака на Твитер на Ејми Вајнхаус, која ја објавила на 21 јули 2011 година. Само два дена подоцна, 27-годишната пејачка почина. Исто така, тоа е првиот твит кој го објави од февруари таа година.

Screenshot_5

Кори Монтит

Неочекуваната смрт на младиот актер шокираше многумина. Помалку од 24 часа пред да се предозира со наркотици, ѕвездата на серијата „Glee“ објави хумористична реакција на филмот „”Sharkanado”: „О, тоа е ајкула и торнадо.“

Screenshot_6

Пол Вокер

Актерот кој почина во сообраќајна несреќа, во последниот твит го промовираше филмот „Furious 7″ и напиша: „Момците се враќаат. Дали ќе бидете подготвени?“.

Screenshot_7

Робин Вилијамс

Актерската легенда си го одзеде животот на 63 годишна возраст. Неговиот последен твит беше поврзан со неговиот профил на Инстаграм, и со него го честиташе роденденот на својата ќерка: „Среќен роденден госпоѓице Зелди Реј Вилијамс. Денес полниш четвртина век, но се уште ќе бидеш моето мало девојче. Те сакам!“. Пораката е објавена на 31 јули 2014 година, а на 11 август Робин се самоуби.

Screenshot_8

Ленард Нимој

Познатиот список од серијалот „Ѕвездени патеки“ остави убава порака на својот профил. „Животот е како градина. Совршените моменти можат да постојат, но нема да бидат зачувани, освен во сеќавањето“, напиша тој, со акронимот LLAP, односно “Live long and prosper” (Живеј долго и успешно), познатиот поздрав од Ѕвездени патеки. Оваа порака ја напиша на 22 февруари 2015, а Ленард почина пет дена подоцна.

Screenshot_9

Рива Стинкамп

Јужноафриканската манекенка еден ден пред да ја убие нејзиното момче Оскар Писториус, напиша застрашувачка порака на Твитер: „Што криеш во ракавот за својата љубов утре?“. Рива при тоа мислела за Денот на вљубените, но испадна дека тој празник на љубовта заврши трагично.

Screenshot_10

- Реклама -