Последните фотографии на Џим Морисон

Легендарниот фронтмен на Doors, Џим Морисон е еден од многуте ѕвезди кои загинаа во 27-та година од животот.

Американскиот пејач, текстописец, писател и поет е роден во Мелбурн, Флорида, а има ирско и шкотско потекло. Како водечки вокал и текстописец на американската рок група The Doors, Џим важи за еден од најхаризматичните лидери во историјата на рок музиката, но и воопшто. За самата група кружи мислењето дека е една од највлијателните групи во поширока смисла, не само од музички аспект.

Морисон е автор на неколку книги со поезија, документарни и кратки филмови и на музичките спотови за песните „The Unknown Soldier“ и „People are Strange“. Смрта на Морисон на 27-годишна возраст во Париз ги запрепасти неговите обожаватели ширум светот. Начинот на кој настанала смртта и тајниот погреб се предмет на разни шпекулации и заземаат голем удел во целата мистичност што и до ден денес се поврзува со неговото име.

Прочитајте и:  Меѓунаордна изложба на уметничка фотографија - Фото Салон Куманово

Последните фотографии на Џим, во продолжение.

c2a9-alain-ronay-6 jmp-last-days-photo2 jmp-last-days-photo3 last-photos-of-jim-morrison-paris-1971-a3 last-photos-of-jim-morrison-paris-1971-b last-photos-of-jim-morrison-paris-1971-c last-photos-of-jim-morrison-paris-1971-e last-photos-of-jim-morrison-paris-1971-f last-photos-of-jim-morrison-paris-1971-g last-photos-of-jim-morrison-paris-1971-m last-photos-of-jim-morrison-paris-1971-o

- Реклама -