Работник од данската Зоолошка градина дошол да се прости со сите колеги, но и животните, бидејќи лекарите му рекле дека нема уште долго време, пред да го совлада ракот.
Марио лежел во кревет, кој бил поставен до заградениот простор каде што се наоѓаат жирафите и чекал да му пријде животното.
Тогаш била направена фотографијата која засега има милион прегледи. Една од жирафите се приближила и како да знаела го бакнала.
– Многу е емотивно да видите како го препознаваат животнита, а свесни се дека не му е добро, вели Кес Велдбер, директорка на фондацијата „Ambulance wish”.
Марио го поминал речиси сиот живот како вработен во Зоолошката.