Последниот ден од 2014 – Подготвени ли сте за дочек на новогодишната ноќ?

Последниот ден од годината може да биде една мисловна еволуација за сите впечатоци што ни ги оставиле изминатите 365 дена.

Колку сме среќни или пак што планиравме, а што остваривме.

Водејќи се од оваа мисла, ќе ви направиме еден виртуелен тест. Прочитајте ги прашањата и одговорете си ги во себе…

1. Која е најинтересната работа која што ви се случи во 2014 година?

2. Постои ли проблем, нешто што сте планирале, а се уште не сте успеале да го решите?

3. Кој е најинтересниот човек што го запознавте оваа година?

4. Која е најлошата несреќа или ситуација што ја доживеавте?

5. Дали ви се исполни желбата?

6. Имате ли еден ден кој што ќе го паметите сиот свој живот?

7. Дали направивте барем еден хуман гест?

8. Дали се извинивте некому, кому сте му нанеле штета?

9. Која е најлудата работа што ја направивте оваа година?

10. На колку луѓе им кажавте дека ги сакате и дека сте благодарни што ги имате во животот?

Овие прашања самите по себе ви го сервираат очигледното. Доколку се разочаравте од своите одговори, имате време да направите промени во годината која што допрва следува, откако ќе се бакнат стрелките.

Подготвени ли сте за вечерва? Веруваме дека Новата година не е по правило „Најубавата ноќ во годината“ и не треба да и се наметне тој епитет. Дозволете да се забавувате и убавината да се случува. Нека оваа ноќ ви биде најава, за најубавата година која се случува секој ден, секој миг. Мислете позитивно и опуштено. Замислете си желба, а 365 ви посакува истата да ви се оствари во следните 365 дена, како и многу здравје, љубов и убавини.

 

- Реклама -