Дрвената виолина на која Волис Харли свирел пред повеќе од сто години додека тонел бродот Титаник, конечно ќе биде изложена во јавноста.
Приказната за оркестарот на Титаник долго време го привлекуваше вниманието на јавноста. Како што легендата вели, а доказите потврдуваат, кобната ноќ на 14 април 1912 година, додека Титаник неповратно тонел во ледените води на Атланскиот океан, од палубата на бродот освен плачливите крици за помош, преовладуваа звуците на најпознатите музички класици.
Волис Хартли беше еден од осумте музичари кои таа кобна вечер одлучија да потонат заедно со екипажот на бродот и илјада останати патници. Меѓутоа тие не дозволија да исчезнат звуците од нивните инструменти до самиот крај.
Така, и последните минути од бродоломот протекле во знакот на класиката, која, како што раскажуваат преживеаните, им помагала на несреќните патници низ молитвите. Хартли и неговите колеги, како врвни музички професионалци, завршиле со композицијата „Nearer, My God, To Thee“, по што биле проголтани од Атлантикот.
Неговото тело е пронајдено десет дена после бродоломот, но неговата виолина не беше на листата на пронајдени предмети, па се веруваше дека таа останала во длабочините на океанот.
Меѓутоа, во 2006-та година синот на еден музичар – аматер, добил од својата учителка поклон, инструмент кој нејзиното семејство го чувал на таванот. Се испоставило дека во прашање била виолината на Харли.
Неверојатниот инструмент чија вредност се проценува на неколку стотици илјади фунти, успеал да ги преживее ледените длабочини на Атлантикот, и да промени околу десетина сопственици, да одржи неброени концерти и да дочека да биде изложена во галеријата на Градскиот Совет на Белфаст, каде и била изработена.