После колку време жените дозволуваат да бидат видени без шминка?

Жена без шминка? За многу мажи и ден денес тоа претставува мистерија, бидејќи некои дами особено тешко се „опуштаат“ на оваа тема. Главниот виновник за ова е недостатокот на самодоверба и убедувањето дека не се доволно убави.

Мажите ретко кога имаат прилика да го видат „вистинското лице“ на своите избранички. Низа причини се виновни за тоа, а меѓу најглавните се несигурноста и малата самодоверба. Меѓутоа, природниот процес предизвикува понежниот пол со текот на времето да се опушти, па се поставува прашањето: Колку време е потребно за жените на мажите да им го откријат своето „вистинско“ лице, односно лице без тронка шминка на него.

Еве го одговорот:

Lepota1

Најновите истражувања покажуваат дека за такво нешто најчесто се потребни дури месец дена. Дури 80% од испитаничките кои учествувале во истражувањето признале дека во првите 30 дена интензивно дружење, не им дозволуваат на момците да ги затекнат без шминка.

Иако најголем дел од жените за време на тој период успеваат за бидат и интимни со своите партнери, сепак, успешно го затскриваат „вистинското“ лице. Одговорот на оваа мистерија открива дека жените се подготвени да отидат до толку далеку што дури и додека се со партнерите, моментите во тоалетот ги искористуваат за да ја повторат шминката, па потоа се враќаат во креветот. Причината за тоа е стравот дека во спротивно, нема да им се допаднат на своите партнери.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

Околу 60% од жените не го употребуваат овој трик, но користат некои други методи. Тие признаваат дека воопшто не ја тргнуваат шминката пред спиење, за утрината да се разбудат делумно нашминкани.

Истражувањето покажало дека 17% од испитаниците не го откриваат своето лице дури ниту после два месеци врска, а дури на 16% им е потребен период од шест до осум месеци за да би се опуштиле во потполност пред нивната посилна половина.

Lepota2

Околу 8% од девојките не дозволуваат мажите да ги видат и по цела година заедништво, а 3% засекогаш го кријат своето природно лице кое останува вечна мистерија за посилниот пол.

Главна причина за тоа е стравот дека нема да изгледаат доволно убаво без шминка. Најголеми „заслуги“ за ваквите комплекси ги имаат медиумите кои пропагираат нереална беспрекорна убавина, со што создаваат уште поголем притисок кон жените кои не се сигурни во себе.

Таквиот став на жените е позитивен за козметичката индустрија, но негативен за целото човештво бидејќи доаѓа до потполно изместување на вистинските вредности. Психолозите напоменуваат дека многу жени патат заради ова, а дел од нив дури и целиот живот се измачуваат секогаш да изгледаат совршено.

- Реклама -