После 10 години: Бред и Џоли во заеднички филм

Анџелина Џоли не е ни свесна колку ги развесели обожавателите со својата неодамнешна изјава.Хемијата која се разви меѓу Бред Пит и Анџелина Џоли на снимањето на  ‘Mr. And Mrs. Smith’ 2005. била толку силна што се претвори во една од најубавите  холивудски врски.

Иако од тогаш, двајцата не се појавиле во заеднички филм, тоа наскоро би можело да се промени. Наводно, тие ќе имаат нов заеднички филм, а сценариото е на самата Анџелина, пишува E!Online.

Анџелина „пушти водичка“ со изјавата дека таа и Пит размислуваат за повторна соработка на големите платна.

„ Разговаравме и имаме идеја“, вели славната актерка, несакајќи да открие дали се работи повторно за романтична комедија.

Анџелина во моментов работи на филмот  „Unbroken“, а што ќе ни подготви славниот пар, ќе дознаеме наскоро.

- Реклама -