Порно диви некогаш и сега – Кокаин, малолетници и „сериозна“ кариера

Двете најпознати „актерки“ траат и по неколку децении.

Трејси Лордс

Трејси Лордс влезе во историјата на порно-кинематографијата како актерка која првиот порно филм го сними на свои 15 години. Потоа сите филмови ги има снимено како малолетничка, со исклучок на последниот наречен „Трејси, те сакам“, кој го има снимено само два дена откако наполни 18 години.

Тогаш таа веќе беше голем зависник од кокаин и хероин. Откога е откриено дека Трејси како малолетничка има играно во филмови за возрасни, целокупната нејзина кинематографија е повлечена од продажба.

Трејси се обиде во мејнстрим водите, и има играно во неколку успешни серии како „Неш Бриџис“ и „Вил и Грејс“, но и во филмовите „Menhood“, „Blade“ и „Underworld“.

Нина Хартли

Иако веќе одамна влезе во шестата деценија од животот, Нина Хартли, верувале или не, продолжува да биде активна актерка во порно индустријата. Во својата долгогодишна кариера, таа има снимено повеќе од 1.000 возрасни филмови, а 18 од нив дури и е во режија.
Таа е во брак со режисер на садо-мазохистички филмови, а дебитираше во 1984 година во филмот „Образованието на Нина“.

- Реклама -