На 21 јуни вториот престолонаследник на Британија принцот Вилијам, војводата од Кембриџ, наполни 32 години.
Своевремено тој се ожени со обична девојка без благородно потекло и не натера да веруваме дека понекогаш приказните стануваат реалност. Но и пред Кејт Мидлтон принцот имаше бројни врски .
Дознајте кои се поранешните на Вилијам.
Роуз Фаркуар
На 18-годишна возраст младиот принц Вилијам бил на додипломски студии на престижниот колеџ Итан. Тогаш се запознал со актерката и пејачка Роуз Фаркуар на една традиционална за британските благородници манифестација – лов на лисици.
Организатор на манифестацијата веќе долги години бил таткото на Роуз, Иан Фаркуар. Младите брзо откриле дека имаат многу заеднички интереси и така Роуз стана првата сериозна девојка на принцот.
Но нивната врска траеше помалку од половина година. По неуспехот на кастинг за риалити-шоу на Ендрју Лојд Вебер, поранешната принцеза решила да се бори за својата кариера, се преселила да живее во САД и започнала да учи во познатата школа за глума на Ли Страсберг. Тоа и го направила. Вљубените се збогувале, но убавицата останала во срцето на Вилијам барем уште една година.
Оливија Хант
Во септември 2001 година 19-годишниот принц пристигнал во Сент Салвадор – студентскиот град на шкотскиот универзитет во Сент Ендрјус. Вилијам се адаптирал брзо на новата локација. Жителите на гратчето (вкупно 16 илјади луѓе) биле фундаментално изгорени од љубопитност, но наскоро го оставиле младиот принц на мира. Вилијам побарал никој да не пројавува особен интерес кон него и луѓето го исполниле неговото барање.
Хостелите биле поделени на машки и женски, но тоа не го спречило Вилијам да се запознае со привлечната русокоса Оливија Хант, ќерка на еден од најдобрите лондонски лекари. Се покажало дека двајцата имаат многу заеднички пријатели – таткото на нејзината пријателка Мери Даглас-Хоум бил близок соработник на кралицата Елизабета Втора. Токму Оливија го запознала принцот со идниот најдобар пријател, Вилијам ван Катсам (и дури започнала врска со него, откако се разделила со принцот).
Впрочем опиен во страст кон Оливија Хант, Вилијам пропуштил натпревар за убавина меѓу младите девојки од Универзитетот, на кој победничка станала неговата идна сопруга Кејт Мидлтон. Сепак, треба да се спомене дека принцот успеал да ја забележи Кејт на добротворно модно дефиле неколку месеци подоцна, каде Кејт ја заслепела публиката облечена во црн фустан. Она што го видел на подиумот толку многу го погодило Вилијам што тој изгубил интерес седејќи до Оливија. Таа се разбира се навредила и тоа ставило крај на нивната врска.
Џесика Крег
Џесика (или Џеко, како што ја споменуваат во британскиот печат) е ќерка на сопственикот на природен резерват во Кенија. Вилијам се запознал со неа како мал, за време на едно од неговите први патувања до Африка со својот татко Чарлз. Се претпоставува дека на девојката уште тогаш и се допаднал „малиот принц“.
Двајцата сепак се заљубиле дури во 2003 година – Џесика случајно исто така се запишала да учи во Сент Ендрјус и принцот се сетил дека ја познава. Интересно е дека во тоа време Вилијам веќе размислувал дали да започне врска со новата позната и убава соученичка Кејт Мидлтон. Џеки сепак успеала да го маѓепса и во текот на летото во 2003 година двајцата дури се „свршиле” на шега во вилата на Крег во Кенија. Но, по неколку месеци Џесика самата ставила крај на нивната врска.
Таа не можела да се навикне на начинот на живот на принцот и не ги поднесувала папараците. Според пријатели на Вилијам тој ја прифатил сериозно оваа разделба. Подоцна вљубените на два пати се обиделе да ја продолжат врската, но на крајот се разделиле конечно по иницијатива на принцот. Неговите пријатели велат дека тој сфатил колку се различни двајцата со Џеко и одлучил дека е подобро да останат пријатели. Кога се фатил со Кејт Мидлтон, принцот ги запознал двете девојки. Кејт ја прифатила Џесика во кругот на пријателите – со искрена доверба или можеби со скриена желба да ја држи противничката под око.
…Продолжува утре…