Поранешниот свршеник ја нападна Хурем: Таа е луда!

 

Возрасна жена која не е во состојба да ги стави настрана љубовните проблеми и да соработува за доброто на детето, не е нормална и здрава жена, вели Чан.

Чан Атес, поранешниот вереник на Мерјен Узрели кој ја остави кога забремени, сега сака да го превземе старателството на новородената ќерка, па се обидува да покрене судска тужба за да успее во своите намери.

Узрели веќе еден месец одбива да ја запозане ќерката со својот татко и ги игнорира неговите барања.

„ Очигледно прерано престанала со лечење. Возрасна жена која не е во состојба да ги стави на страна љубовните проблеми и да соработува поради детето, не е нормална и здрава“. вели Чан.

Актерката дури и му се заканувала на поранешниот вереник дека ќе викне полиција доколку дојде во Германија да ја види својата ќерка.

„ Признавам дека се исплашив и изреагирав бурно. Немав среќа во љубовта и се плашев да превземам одговорност, но и јас имам право на грешка. Својата ја признав и не заслужив ваков третман“, признава бизнисменот за турските медиуми.

Тој наведува и дека посакува Мерјем да ги реши проблемите додека ќерката е мала, бидејќи актерката подоцна ќе и ја наполни главата со глупости.

- Реклама -