Во 2000 година Џенифер Лопез се запознава со кореограферот Крис Џад за време на снимањето на спотот за песната “Love Do not Cost A Thing”.
Eдна година подоцна тие започнаа да се гледаат и по неколку месеци направија свадба. Бракот им траеше само 9 месеци и заврши со брз развод. 12 години по разводот Крис одлучи да проговори за Џенифер и свадбата …
„Свадбата ни беше циркус. Мислам дека дури и неколку луѓе беа уапсени, бидејќи се обидуваа да се качат на оградата. Реално ние дури го изнајмвиме и воздухот, а не само местото “, изјави Џуд за бракот со латино дивата во интервју пред UsWeekly.
Крис вели дека фотографите биле насекаде и една од најтешките работи за него за време на бракот била токму справувањето со папараците.
„Знаете, многу е тешко. Практично немаш никаква слобода и приватност. Веќе не си нормален човек “, изјави Крис. „Јас знаев што ме очекува. Треба да го прифатиш тоа и да престанеш да се бориш против него. Тогаш станува полесно. Многу луѓе не се помируваат и тоа ги уништува. Кај нас тоа сепак не беше причината за разделбата. Едноставно не ни успеа “, објасни кореографот.
Крис го искоментира и љубовниот живот на латино ѕвездата во моментов, велејќи дека не му е јасно зошто не и успеваат врските. На прашањето „Каде грешиЛопез?” тој не најде точен одговор.
„Не можам да ви дадам одговор на ова прашање. Според мене, за да се посветиш на даден човек и врска, треба да ја задржиш, да се обидуваш да разботиш на тоа, во спротивно се е погрешно. Човек треба да прави компромиси и да не се обидува да го менува партнерот “, категоричен беше Крис.
Во моментов Крис има 45 години, се уште се занимава со танцување и уметност и има прекрасно семејство.
Тој и неговата сопруга се горди родители на девојче кое се вели Вивиен.
Неодамна Лопез исто така, навести за односите со Џуд: „Имам хемија со танчерите. Имав краток брак со Крис Џад, кој е неверојатен човек и кого го сакам. Другиот е Каспер Смарт со кого што неодамна се разделив. Него исто така го сакам, тој е добар пријател “, беа зборовите на Џенифер.