Поранешна девојка на Клуни открива зошто тој нема деца

Поранешната девојка на Џорџ Клуни, актерката и пејачка Елизабет Дејли тврди дека знае зошто Клуни не сакал да има деца.Таа тврди дека славниот актер бил „толку близок“ со своето милениче, што поради тоа не сакал да стане татко.

Таа исто верува дека можно е Клуни да го променил мислењето за љубовта и бракот (неодамна се вери), после што конечно ја преболе смртта на неговото милениче Макс.

– Не му беа потребни деца, Макс беше неговото бебе. Тој ја сакаше таа свиња како никој на светот. Беше со големина на стол – огромна. Често поминувавме време со свињата крај нас која се одмараше. Навечер спиеше покрај креветот на Џорџ, а понекогаш се качуваше на креветот. Беа толку блиски како татко и син. Како Макс почина во 2006. година Џорџ беше многу потресен. Можеби сега конечно чувствува повик за родителство. Тоа за него би било одлично, вели Дејли.

Освен тоа, таа изјави дека актерот бил емотивно повреден од разводот од Талија Балсам во 1993. година.

- Реклама -