Холивудксиот актер Џорџ Клуни (53) и неговата сопруга, адвокатката Амал Аламудин (36) се одлучија да се венчаат во луксузна вила на езерото Комо во Италија, која е во сопственост на актерот од пред 10 години.
За да им ја осигура приватноста, италијанскиот град Лалјо донесе нови закони и правила кои стапија на сила на 21 јуни.
Роберто Почи, градоначалникот на ова гратче изјави дека ќе биде забрането застанување пред влезот на неговата вила, а тоа е со цел сообраќајна сигурност, како и заштита на приватноста.
Новиот закон забранува движење во близиа на вилата на актерот, вклучувајќи бродови и пливачи, во близина од 100 метри. Казната за прекршување на законот може да биде и до 500 евра.
Новите градски правила ќе важат до 30 септември, што ги потврдуваат медиумските погодувања дека свадбата ќе се случува оваа есен.
Парот се сврши кон крајот на април, по седум месеци врска, а кум на венчавката ќе биде Бред Пит.