Миранда Кер не е повеќе ангел на модната куќа „Victoria’s Secret“. Како што официјалното соопштение вели, нејзиниот тригодишен договор истекол, но според тврдењата на медиумите, соработката е прекината и заради нејзината репутација на личност со „тежок карактер“.
Анонимен извор изјавил за познатиот магазин „Us“ дека 29-годишната манекенка е позната по размазеното однесување и дека е тешка за соработка. Друг соговорник изјавил дека бринетата не допринесувала многу за продажбата на производите во споредба со останатите ангели како што се Алесандра Амбросио, Кендис Свонепул и Адриана Лима.
Но, иако веќе нема да ги носи крилјата и да биде дел од славната лидерска петорка на „VS“ манекенките, Миранда наводно ќе учествува на ревијата кон крајот на годината и ќе сними каталог.
„Миранда е една од најдобрите манекенки во историјата“ изјавил директорот за маркетинг Ед Разек. „Таа е голем професионалец и сите други гласини се неточни. Иако поради останатите обврски во последно време беше спречена да работи за нас онолку колку што ни беше потребна, таа за мене секогаш ќе биде Ангел. Веќе ја повикавме да работи за нас на ревија во ноември и таа прифати“