Фустанот кој го носела популарната либанска поп пејачка во програма во живо на една локална телевизија, предизвика бројни негативни коментари и остри критики, и тоа главно кон жените.
Минатата недела Хаифа Вехби гостувала во една емисија за таленти носејќи фустан од тул кој го открива нејзиниот грб, а бидејќи е проѕирен, пејачката ги покажала и задникот и нозете. Емисијата ја гледале над 2 милиони луѓе, а неколку гледачи ја објавиле снимката и на социјалните мрежи, а јавноста ја дочека со остри критики и осудувања.
Најгласните во неодобрувањето биле жените од Египет, Јордан и Саудиска Арабија кои ваквиот сценски настап го нарекле скандалозен, со коментари дека уметноста сепак има граници. Инаку, во Либан не е невообичаено жените да носат кратки здолништа и фустани или бикини, но во останатиот арапски свет тоа е помалку толерантно кога се кршат принципите во кои веруваат.
Затоа египеткстата телевизија CBC на која емисијата „Star Academy“ била емитувана, на која учествувала Вехби, издала официјално извинување.
Самата пејачка рекла дека за тоа е криво осветлувањето во студиото и дека во реалност фустанот е многу поскромен и помалку проѕирен.