Принцот Хари денес полни 30 години.
Освен што е една година постар, тој е и за 10 милиони фунти побогат, кои му ги оставила неговата покојна мајка, принцезата Дијана.
Принцот Хари денес го слави својот 30-ти роденден, но иако неговата роденденска забава се подготвува веќе некое време, принцот ја одложил бидејќи Кајт Мидлтон не се чувствува добро и има тешки утрински мачнини поради бременоста.
Иако Вилијам и Кејт вложиле многу напор за на Хари да му приредат незаборавен 30-ти роденден, тој сепак одлучил се да одложи додека Кејт не се чувствува подобро, со оглед на тоа дека втората бременост не ја поднесува добро.
Поради здраствената состојба на Кејт, се уште не е јасно дали ќе патуваат на Малта. Одлуката се очекува во среда.