Шест загинати и илјадници евакуирани е моменталниот биланс на катастрофалните поплави што ја погодија централна Европа.
Влтава ја поплави Прага
Реката Влтава во Чешка се прели и водата поплави големи делови на Прага, каде што е прогласена вонредна состојба. Популарната туристичка точка во градот, Карлов мост е затворен, а граѓаните на Прага велат дека од вчера попладне нивото на Влтава пораснало за 15 сантиметри.
Агенцијата Ројтерс наведува дека животните од зоолошката градина во Прага се пренесени на повисоко. Во делови од Чешка се евакуирани 7 000 луѓе, а државата веќе обезбедила финансиска помош за оштетените.
Како што јавуваат тамошните медиуми, во чешката престолнина вчеравечер биле отворени неколку брани.
[youtube]http://youtu.be/Lpd303bzCcs[/youtube]
Во Австрија за 2 дена наврнало дожд како за два месеци
Австриските медиуми пренесуваат дека во земјата за само два дена наврнал дожд како за два месеци. Едно лице починало во Салцбург, додека три исчезнале. Над 300 се евакуирани.
Германија бележи најголеми поплави во последните 500 години
Во Германија против поплавите се борат 1 760 војници. Баварските градови Пасау и Розенхејм прогласиле вонредна состојба, а локалните метеоролози предупредуваат дека дождот и понатаму ќе врне и дека се закануваат нови поплави, вклучувајќи и излевање на Дунав.
Во градот Пасау водостојот на Дунав и реката Ин е најголем уште од далечната 1501 година. Повеќето градови се отсечени и се без елеткрична енергија. Поширокот подрачје околу Лајпциг е евакуирано, а над 7 ооо луѓе се префрлени во привремени засолништа.
Европската унија порача дека е спремна да им помогне на трите држави во борбата со катастрофалните поплави.
[youtube]http://youtu.be/lwF6oTHo3DI[/youtube]