Понижени и оставени: Овие убавици биле „шутнати“ од дечковците на најлош начин

Парите, славата и убавината не ги штитат познатите од јавно раскинување на нивните момци и тоа на многу понижувачки начин.

Некои од најпознатите, најубавите и најславни жени во светот се останевни токму на таков начин.

Ставил крај на врската за помалку од 30 секунди

Тејлор Свифт многу добро знае како излгеда кога ќе ве напуштата. Како што и самата вели во својот хит „Blank Space”, таа има долга листа на поранешни љубовници.

Раскинувањето кое најмногу ја погоди беше она со поранешниот дечко Џо Џонас кој ја остави преку телефонски развовор за само 27 секунди! Тоа сигурно многу болело.

Замислувал други жени додека водел љубов со неа

Кети Пери, исто така почувствувала како изгледа да се биде оставен на многу грд начин.

Прочитајте и:  Три клучни знаци на нарцизам во врска кои не треба да ги игнорирате

Таа беше во брак со Расел Брендон цели 14 месеци. По тие 14 месеци, Расел побарал развод, а неа за тоа ја информирал преку СМС порака! За работата да биде уште полоша, тој зборуваше дека Кети била досадна во кревет и дека замислувал други жени додека со неа водел љубов.

Неговата мајка не била задоволна со пејачката

Џеј Ло е дефинитивно една од најпосакуваните жени на светот, но тоа не ја спаси од тоа да биде оставена речиси пред олтарот.

Пејачката и Бен Афлек беа верени, таа беше пресреќна за тоа, го сликаше пристенот и гордо го покажуваше.

Сепак, Бе ја остави и ја раскина веридбата. Извори блиски на актерот тврдат дека ја „шутнал“ бидејќ не ѝ се допаднала на неговата мајка.

- Реклама -