Помалку познати податоци за Ана Франк

По повод Меѓународниот ден на сеќавањата од Холокаустот, се потсетуваме на дневникот на Ана Франк што низ годините стана симбол за трагедијата и загубата што ја донесе Втората Светска Војна.

ana

Поминаа повеќе од 70 години откако Ана Франк започнала да го пишува својот познат дневник, кој како и авторката, доживеа многу ужасна судбина. Еврејското девојче и нејзиниот дневник за време на криењето во Втората светска војна се симбол за жртвите во холокаустот, а еве неколку интересни податоци кои сигурно не сте ги знаеле на таа тема.

На први август 1944 година, Ана ја напишала последната страница…

Во 1947 година бил објавен дневникот на тинејџерката која со својот ракопис му помогна на светот да разбере како изгледало криењето од нацистите со семејството во Амстердам, само затоа што биле Евреи. Нејзиниот дневник во меѓувреме станува лектира на децата ширум светот, и е продаден во повеќе од 30 милиони примероци, како и преведен на 67 јазици.

Дури и ако сте ја прочитале книгата, но особено ако сте ги забушавале лектирите овие податоци се корисни да ги знаете.

1. Откако ја завршила тетратката, Ана испишала уште два бележници, па така „наполнила“ 360 листови со своите мисли.

Ана Франк
Ана Франк

2. Ана голем дел од дневникот пишувала во облик на писмо до личност наречена Кити.

Некои веруваат дека Кити е другарка на Ана од пред војната – Кејт, Кити, додека други веруваат дека станува збор за име од нејзината најдрага книга „Joop ter Heul“, во која што пријателката на главниот лик се вика Кити.

3. Ана и нејзиното семејство биле пронајдени откако биле предадени  – до денес не се знае кој ги издал, односно кој знаел каде се кријат.

Германските полицајци упаднале и ги уапсиле на 4 август 1944 година, а полицаецот кој ги уапсил, Карл Силбербауер надокнадно изјавил дека се сеќава на апсењето, и дека дури му кажал на таткото на Ана дека има убава ќерка. Во 1963 година, кога бил откриен неговиот чин, Карл бил суспендиран од работа.

4. Ана починала во Берген – Белсен, концентрационен логор, но не во гасна комора

Пред тоа нејзината мајка умрела од глад, сестра и од тифус, а таа верувала дека и татко и починал пред да почине и таа од тифус. Логорот бил ослободен неколку недели подоцна, од страна на Британците.

5. Преживеала само една личност

Од осумте луѓе кои се криеле заедно – Ана, нејзината сестра, родителите, семејството Ван Пелс и мажот Фрик Пфефер само една личност преживеала – татко и на Ана, Ото Франк, успеал да го преживее Аушвиц и го ослободиле советските војници во јануари 1945 година.

6. Ото Франк го добил дневникот на неговата ќерка од Миеп Гиес, една од неколку Холанѓани кои му помогнале на семејството Франк да се сокрие.

Гиес го сокрила дневникот откако војската ја одвела Ана, и се надевала дека еден ден ќе му го врати на девојчето.

Скривницата - денес е музеј на Ана Франк
Скривницата – денес е музеј на Ана Франк

7. Ако Миеп го прочитала дневникот, никогаш не би ја видел светлоста на денот

Гиес подоцна признала дека доколку знаела што пишува во дневникот, би го уништила веднаш, бидејќи биле споменувани по име, сите оние кои им помогнале во криењето.

8. Дневникот на Ана Франк често се наоѓа на листи на контроверзни книги, но не од причината што ви паѓа на ум

Во книгата постојат делови во кои Ана ја раскажува својата анатомија. Повеќе се смешни, отколку порнографски, како што некои истакнуваат: „Постојат мали набори на кожата насекаде околу, па едвај можеш да го најдеш тоа. Малата дупка доле е толку мала што воопшто не можам да замислам како во неа може да влезе маж, а камоли да излезе цело бебе“.

9. А тоа дури и не е најглупавата причина зошто луѓето се обиделе да ја забранат книгата во училиштата

1983 година едно училиште во Алабама се обиде да ја забрани книгата, бидејќи била многу „депресивна“.

10. Некои сметаат дека дневникот е лажен

За да се спречат ваквите гласини, биле анализирани ракописот, лепакот, мастилото и хартијата. Ништо не укажувало на тоа дека станува збор за лажен дневник.

Ова видео е единственото од Ана Франк, а е снимено додека ја гледала венчавката на соседите на 22 јули 1941 година.

- Реклама -