Помалку познати факти за „Game of Thrones“

HBO го пуштија првиот трејлер за четвртата сезона  на „Игра на престоли” пред речиси еден месец и тој предизвика огромна  возбуда. Сите знаеме дека ТВ феноменот е адаптација на  серијата од седум книги на  Р.Р. Мартин, „Песна за оганот и мразот”, која тој започнал да ја пишува во 1991 година. Од тогаш се продадени повеќе од 24 милиони книги во светот.

Мартин е под притисок на фановите да ја заврши шестата книга, „Ветрови на зимата”, која ќе излезе најрано во 2015 година.

Серијата досега инспирираше разни  играчки, пива, графички новели, видео игри и игри со карти – да не спомнуваме и безброј раскази од  фановите. Ќе треба да почекаме уште доста додека да видиме кој ќе седне последен  на железниот трон, но во меѓувреме ви подготвивме 15 помалку познати факти за „Игра на престоли”, актерите од серијата и самиот Мартин.

1. Санса ја посвоила својата „волчица“

Софи Тарнер (Sophie Turner) која ја игра Санса Старк, го посвоилла своето милениче, откако Џофри го убива во серијата.

„Секогаш сум сакала куче, но моите родители не ми даваа. Се вљубив во Лејди на сетот. “- вели таа. Откако го однела дома, Софи го  прекрстила кучето во Зуни.

15 помалку познати факти за "Игра на престоли"

2. Војната на розите од 15 век го  инспирирала главниот заплет: битката за престолот.

Владетелите во тоа време често се крво-сродстувале, за да остане  престолот во родот – во серијата истото со случува со Таргариен.

Мартин исто така вели дека е фасциниран по вистината за славата и ужасот на војната, но наведува  дека во приказните не прави врска со ниедна историска личност.Некои фанови сепак не се толку убедени во тоа.

3. Хари Лојд ( Таргариен) е пра-пра-правнук на Чарлс Дикенс.

Лојд исто така пишувал дисертација на Универзитетот во Оксфорд за Дикенс.

15 помалку познати факти за "Игра на престоли"

4. Ѕидот  е инспириран од Адријановиот ѕид 

Мартин го посетил ѕидот во 1981 и го искористил за инспирација, кога бил  создаден високиот 200 метри ѕид  од мраз, кој ги чува Седумте кралства.

„Се разбира ова е фантастика, затоа мојот ѕид е поголем, доста подолг и магичен. А она што лежи надвор него не се Шкотланѓаните. “- вели тој.

15 помалку познати факти за "Игра на престоли"

5. Децата од родот Старк сакаат да ја потпевнуваат музиката од серијата

Софи Тарнер, Мејси Вилијамс (Maisie Williams) и Исак Хемпстед-Рајт (Hempstead-Wright)  имаат свое   исполнување на музичката тема од серијалот.

6. Кралот Џофри се откажува од актерството

Минатата година, Џек Глисон (Jack Gleeson), кој го  игра кралот Џофри, најави дека планира да се откаже од кариерата на актер по крајот на „Игра на престоли”, затоа што веќе не му се допаѓа толку, колку порано. Наводно, тој планира да се занимава со други работи, вклучувајќи со хуманост – минатата година тој отиде во Хаити, за да им помага на сиромашните.

„Почнав да играм кога имав  8 и навистина многу ми се допадна. Но, кога тоа стана  професија, тензиите стана поголеми и веќе не е толку забавно. ”

15 помалку познати факти за "Игра на престоли"

7. Теон Грејџој е помлад брат на Лили Ален.

Таа дури напишала малку чудна песна за него – Alfie.

8. Роб Старк излегува со Клара од Доктор Ху

Ричард Маден (Richard Madden) и Џена-Луис Колмен (Jenna-Louise Coleman) се љубовници во вистинскиот живот.

15 помалку познати факти за "Игра на престоли"

9. Има пародија на  „Игра на престоли”

Расел С.  Бити претстави шоу кое е пародија на серијалот.

10. Коњското срце кое го изеде Калиси, всушност е 3 килограми бонбони

Во една од најпознатите незаборавни сцени, бремената Денерис изеде свежо коњско јајце, за да залужи огромна почит од својот маж и нивните следбеници.

15 помалку познати факти за "Игра на престоли"

 

- Реклама -