Помалата сестра ја замени Кристина во X factor

Втората сезона во X Factor ќе ја водат Антонија Блаче и Александар Радојчиќ, додека поддршка на натпреварувачите во бекстејџот и годинава ќе им дава на натпреварувачите Снеже Велков.

Започна одбројувањето до почетокот на втората сезона од музичкото талент шоу „X factor“.

Овој пат, жири комисијата ќе ја сочинуваат: Тончи Хуљиќ, Масино Савиќ, Александра Ковач и Жељко Јоксимовиќ.

Поради тоа што Александра Ковач, се појави на местото на Кристина Ковач од минатата сезона, многумина започнаа со споредби меѓу двете пејачки и композиторки.

Александра сепак одговори на ваквите коментари:

„Нека не споредува публиката. Фановите многу добро не познаваат и знаат каков е кој. Нема да бидам строга. Сакам на сите учесници да им помогнам да си го најдат и патот и стилот. Многу е тешко да се бавиш со музика на овие простори, бидејќи мора многу да се работи“,  изјави Александра.

 

 

- Реклама -