Некрунисаниот крал на Твитер, Џастин Бибер, на оваа друштвената мрежа има дури 37 милиони следачи. Меѓутоа, според известувањата на статистичката компанија „SocialBakers“, половина од нив се лажни и неактивни профили.
Компанијата „SocialBakers“, која се занимава со статистики за социјалните медии, утврдила дека Џастин Бибер има 16.7 милиони лажни „следбеници“ на Твитер, и уште 2.6 милиони неактивни.
Според резултатите од истражувањето, Бибер е на второ место по популарност на Твитер, додека водечката позиција ја има Лејди Гага. Сепак, се претпоставува дека и таа има 15 милиони лажни „следачи“.