Џесика Алба се појави шармантна и поубава од било кога, во шоуто Late Night with Jimmy Fallon. Таму таа ги сподели последните новости околу нејзиниот личен бизнис, познат под името The Honest Company, со кој произведува органски и многу убави бебешки додатоци и козметика. Актерката изгледа зачудувачки во фустанот на Blumarine – модел од пролетната колекција за 2014.