Во неделата навечер во Бел Ер се случила необична ситуација. Полицијата пред куќата на Џенифер Анистон убила непознат човек откога бил пријавен.
Полицијата добила пријава од општинските чувари дека пред куќата на Џенифер Анистон има вооружен маж. Околу 3.30 саат полицаец на должност дошол на местото на настанот и го застрелал вооружениот маж. Настанот ги шокирал не само соседите, туку и целиот САД.
Во моментот на настанот Џенифер била во својот дом, а полицијата го истражува идентитетот на човекот кој сега е познат само по прекарите Лудиот Боб и Птица Човекот. Соседите на елитната населба се во шок и не можат да поверуваат дека имало убиство. „Нашата населба е многу мирна, вакви настани не се вообичаени„, изјавил еден од соседите.
Сеуште не е познато дали човекот сакал да влезе во домот на познатата актерка или кај некој друг од соседството.