Со своите живописни бои и прекрасни форми, поларната светлина веќе се смета за една од најпознатите магични појави кои можат да се видат.
Поларната светлина, или аурората се јавува кога високо наполнети електрони од соларниот ветер интерактуваат со елементи од атмосферата на Земјата.
Како што електроните влегуваат во горниот дел од атмосферата тие се сретнуваат со кислородот и азотот на надморска височина до 200 милји над површината на Земјата.
Сликите со долга изложеност се направени од астрофотографот Хуан Карлос Касадо, 55, кој ги опиша како “смирувачки“.
„Аурората ве тера да се опуштите и сонувате како да сте дете“, вели тој. „Постои чуство на голема радост да се набљудува директно нешто што претходно сте го знаеле само од фотографии и документарни филмови“.
На фотографиите може да се забележи аурора во форма на змеј, а може да добие и други спектакуларни форми.