Адриана Лима: Покрај вакви жешки панталони, кој го гледа фустанот

Овогодишната свечена церемонија на доделување на наградите CFDA Fashion Awards во Њујорк, кои што се сметаат за модни Оскари, ги собра најпознатите ѕвезди во светската модна индустрија кои со изборот на фустаните имаа задача да го оправдаат статусот на модни икони. Сепак, најголемо внимание привлече креацијата на манекенката Адриана Лима.

Ангелот на Victoria’s Secret избра фустан на Givenchy чиј креативен директор Рикардо Тиски ја доби наградата за најдобар меѓународен дизајнер.

lima

Фустанот имаше задача не само да го истакне нејзиното совршено тело туку и да открие малку повеќе. Тоалетата од светкав материјал со апликација на чипка беше припиен до телото на Лима, а долгите ракави со горниот затворен дел вниманието го насочија на долгите нозе кои ги штитеше проѕирен материјал. Црните тесни панталони под гламурозниот материјал привлекуваа најмногу внимание со својата разиграност и доза на сексипил.

Adriana+Lima+attends+2013+CFDA+Fashion+Awards+FXB1_Z3vyaClAdriana-Lima-060313-1

- Реклама -