Наташа Оукли и Девин Бергман со своите жешки атрибути сите ги тргнаа во втор план.
Наташа Оукли и Девин Бергман се најдобри пријателки, а кога ќе се појават на плажа сите погледи се упатени право на нив.
Двете убавици ја основале интернет- страната ‘A Bikini A Day’ на која секојдневно ја споделуваат својата љубов кон костумите за капење со бројни обожаватели.
Така двете пријателки поминале ден на плажа во Мајами, а покрај нивните раскошни облини сите останати жени паднале во втор план. Оскудните црвени бикини ги истакнале нивните најсекси атрибути, а на манекенките ништо не можело да им ја расипе забавата.