Можеби нема да верувате, но под овој густ облак се наоѓа нашето магливо Скопје!
Сликано од врвот на Водно пред неколку дена, ова е слика со која ќе ви стане јасно зошто има толку густа магла овие денови. Но, деновиве најавија појава на ветер, па оваа слика очекуваме да се промени. Додека ние се „губиме“ во маглата, на Водно има топло Сонце, па препорачуваме во првата прилика што ќе ја имате да го посетите за да се стоплите и да дишете малку почист воздух.