Белгиската уметничка Анет Тас создаде необична скулптура која беше претставена на изложбата „Sculpture By The Sea” во Сиднеј.
Причината поради која што оваа уметничка работа е сосема поинаква од останатите се должи на материјалот од кој што истата е изработена.
Сепак, нема веднаш да ви кажеме од што е изработена оваа скулптура во висина од 2,7, а должина 3,6 која е наречена „Бран 1“, и ја украсува Сиднејската плажа.
Можеби и помалку лични на бран, но на многумина им наликува на огромна канџа на некое чудовиште кое се издигнува од песокот.
Оваа скултура, верувале или не, е направена од 3.000 барбики.
Уметничката вели дека се одлучила за барбики затоа што тие се оние кои го одбележуваат детството на речиси секое девојче.
Тас за својата работа доби и една од наградите на изложбата во Сиднеј.