Погодете кои двајца се повторно заедно?! И тоа после 7 години!

Популарниот рапер Еминем после седум години од бурниот развод, е повторно заедно со неговата поранешна сопруга Ким Метерс.

Сите кои некогаш ги слушале песните на Еминем, знаат колку турбулентен и сложен беше нивниот однос. Токму тој однос често бил инспирација за многу хитови кои ги создал.

Веста дека тие двајца се повторно заедно, ја откри мајката на Ким која тврди дека Еминем и Ким се неразделни и дека нивната врска е поцврста од кога и да било до сега.

Ким имаше доста проблеми, а зависноста од наркотици предизвика Еминем после разводот да добие старателство над нивната ќерка Хејли.

Еминем и Ким се венчаа во 1999-та година, но се разведоа после само две години брак. Второто венчање беше во 2006-та година, но ниту тоа не траеше долго. Тие се разведоа по само една година.

article-2511755-198CB78200000578-595_634x1038