Момци, доколку планиравте оваа вечер да ја поминете заедно со вашата најдрага, уживајќи во домашна атмосфера и гледајќи некој романтичен филм, има големи шанси да се одлучите за „Notebook“. Не велиме дека ќе погрешите, нo, имајте го во предвид следното…
Романтичната драма „Notebook“ е еден од омилените филмови на припадничките на понежниот пол, за кој најчесто велат дека е доста поразличен и пооригинален во однос на останатите љубовни приказни. Сепак, приказната снимена според романот на Николас Спаркс, и не е така совршена и реална како што многу девојки сакаат да мислат. Имено, ќе се изненадите со колку само грешни и клише моменти изобилува овој филм. Доколку не ви пречи да ја дознаете содржината пред да го гледате филмот, уверете се и самите: