Погледнете со каква убавица се ожени Ерос Рамазоти

Познатиот италијански пејач по втор пат рече „Да“…
Ерос Рамазоти по неколку години врска, се ожени со манекенката Марица Пелегринели, со која веќе има и двегодишна ќерка Рафаела Марија.

Screenshot_2

Марица и Ерос го изговорија судбоносното „Да„ во Милан, а невестата носела уникатен Валентино фустан, специјално направен за таа прилика.

Модната куќа Валентино ја споделила фотографијата на својот Инстаграм профил и напишала; „Тоа прави смисла. Сега се мажиш за Ерос Рамазоти, облечена си во дизајнерски фустан на кој е исткаена вашата љубовна песна!“

Screenshot_3

Фотографијата од венчаницата ја споделила и самата манекенка. „Нашата судбоносна рамноденица. Ви благодарам на сите!“, напишала таа.

За педесетгодишниот Ерос ова е втор брак, а поранешната сопруга Мишел Хунзикер исто така беше модел и манекенка.

Screenshot_4

- Реклама -