Спринтерот од Јамајка, кој е дел од многу реклами на Вирџин Медиа, беше сликан во ноќен клуб „танцувајќи“ со девојка.
Усаин Болт предизвика непријатност и срам за Вирџин Медиа откако беше сликан додека изведува малку сурови танцувачки потези на забава во Тринидад и Тобаго.
Конторверзниот танц, т.н. “daggering”, кој потекнува од Јамајка, е дизајниран да го имитира сексуалниот однос.
Олимпијскиот и светскиот рекордер се чини среќен што е сликан додека „танцува“ пред своите обожаватели.
Но тимот на Вирџин Медиа не го дели истото мислење, и одбива да коментира. Што мислите вие за овие потези на Болт?