Во еден неодамнешен клип од документарната серија “True Tori”, во која главните улоги ги толкуваат Тори Спелинг и Ден Мекдермот, двојката за прв пат открија дека постојат проблеми меѓу нив откога Ден се вратил од рехабилитација.
– Тоа е мојот најлош кошмар- ја изневерив својата сопруга. Бев надвор од контрола. Сексот ми беше бегање од реалноста како што се дрогата или алкохолот- рекол Ден.
Во декември минатата година протекоа информации дека Ден ја изневерил својата сопруга со помлада жена од него дури 20 години, Емили Гудхенд. После тоа, може да слушнете дека Тори делумно се обвинува себеси за неверството, бидејќи била убедена дека премногу се запоставила.
Во приложениот клип можеме да слушнеме како 40-годишната актерка низ солзи изјавила:
– Не можам да му дадам доволно секс! Тој никогаш нема да биде задоволен само со мене- се пожали таа.
Додека Тори и Ден се обидуваат да ги решат проблемите од неверството, постои уште еден проблем кој почнал да ги разделува- откривањето на приватниот живот на телевизија.
– Тоа целосно ги убива- изгледа дека таа сака да го оживува скандалот на Ден одново и одново. Постојано го потсетува во каква ситуација ја ставил- рекол извор за списанието “Life & Style”.