Сара Џесика Паркер признава дека целиот свој живот била кариеристка, но тоа се променило во моментот во кој славната актерка ги донела на свет своите две ќерки.
Од тогаш таа сосема им се посветила на Тибит и Марион, како и на постариот син, 12 годишниот Јејмс.
Таблоидите во Њујорк се преполни со нејзини папарацо фотографии на кои ги води ќерките во прошетка, а на многумина им се допаѓа и начинот на кој што ги облекува во слични дневни комбинации.
Сара Џесика Паркер стана модна икона после улогата на Кери Бредшо во серијата „Сексот и градот“.