Дали сте се запрашале како би можела да изгледа иднината на луксузниот авио-транспорт? Мeк Бaерс, конструктивен менаџер во EDGE Development Inc. оди и подалеку од тоа, тој не само што ја замислува иднината, туку ја креира. Неговиот нов концепт, The Aether, доближува до реалноста верзии на воздушен транспорт за кои е сосема безбедно да се претпостави дека припаѓаат во научно-фантастичните филмови како „5-тиот елемент“ или „Војна на ѕвездите“.
The Aether, кој делува како хибрид помеѓу воздушен балон и вселенски борбен брод, е всушност „небесен“ луксузно-патувачки хотел со целосна услуга. Масивниот дизајн на бродот вклучува неколку приемни сали, минимум еден ресторан и бар за сите патници кои ќе крстосуваат по небото со ова футуристичко летало.
Ако го погледнете следното видео, веројатно ќе се согласите дека леталото ќе биде исполнето до последно место, без разлика на дестинацијата.