Продуцентската куќа „Universal Pictures“ го објави и вториот трејлер за големо очекуваниот филм „50 нијанси сива“.
Филмот е во режија на британката Сем Тејлор-Џонсон, а треба да се најде во светските кина на Денот на вљубените -Св. Валентин во 2015 година. Вториот трејлер содржи повеќе детали за екранизацијата на популарниот ероткси роман на Е.Л.Џејмс.
Хемијата помеѓу Анастасија и Кристијан, односно актерите Дакота Џонсон и Џејми Дорнан дополнително се нагласува поради нивната невообичаена врска.
Погледнете повеќе во трејлерот подолу: