Џастин Тимберлејк сними и официјално видео за песната „Suit & Tie“ во која како гостин се појавува Џеј Зи.
Првото музичко видео од последниот албум на Џастин насловен како „The 20/20 Experience“, го режираше Дејвид Финчер. Во петминутниот перформанс, пејачот во одредени кадри потсетува на легендарниот Френк Синатра. Тимберлејк со оскаровецот Дејвин Финчер прв пат соработуваше во 2010 година во филмот „The Social Network“.
Неговиот трет студиски албум ќе се најде на пазарот на 18 март, со што тоа ќе биде негово прво музичко остварување после седумгодишната пауза.