Стинг и неговата сопруга го продаваат својот дом во Лондон. Куќата има 7 спални и 6 бањи, а површината зафаќа 650 квадратни метри. Цената не е објавена.
Домот се наоѓа до Сент Џејмс Парк. Уште на влезот ве пречекува дневна со под од мермер и огромни спирални скалила. Куќата е декорирана со скап мебел, на пример масичката на Yves Klein со цена 20 000 долари за една.
Покрај оваа куќа Стинг и неговата сопруга имаат пентхаус до Централ Парк во вредност од речиси 20 милиони долари, која претходно му припаѓала на Били Џои.
Тие имаа и куќа во Малибу која што ја купија во 1997 година за 5.3 милиони долари, но ја продадоа во април за 4,4 милиони долари.
Еве како изгледа куќата во Лондон: