Погача од бајат леб

Ова е добар начин домаќинките кои имаат останат бајат, сув леб, кој е дел од нашето секојдневие, да го искористат за брз и вкусен појадок или вечера……Вкусно е, пробајте!

sostojki

1. Лебот се дроби на ситни залчиња

2. Во друг сад се матат јајцата и во нив се додава млекото, киселото млеко и сите други останати состојки, без сусамот и презлата

3. Со маргарин се премачкува тавата (бр 26 во мојот случај)

4. Се посипува половина од презлата врз премачканиот маргарин

5. Се истура смесата од бајат леб врз презлата и се расплескува низ целата тава

6. Од одзгора се посипува останатата половина од презлата

7. Се попрскува со сусам

8. Се става од озгора неколку парчиња мали маргарин

9. Се пече на 180-200 С околу половина час

10. Погачата се служи со убаво парче овчко сирење и чаша јогурт

Пријатен апетит !

 

- Реклама -