Зак Ефрон и Мишел Родригез конечно ги потврдија гласините за нивната романса отакако беа сликани како се бакнуваат на одмор во Сардинија.
26-годишниот заводник и отворено бисексуалната актерка Мишел Родригез уживаа еден со друг на јахра во саботата.
Зак се навалил за да ја бакне 35-годишната Мишел, по што имаа страстен бакнеж.
Мишел прв пат прозборува за својата секуалност минатата година кога изјави: „Јас сум отишла и на двете страни. Правам како што сакам. Премногу сум љубопитна за да не пробам кога можам. Мажите се интригантни. Исто и жените.“
Таа исто така има изјавено: „Привлечни ми се маженствени мажи. Не ги можам метросексуалците кои ги средуваат ноктите повеќе од мене. Поради што, со живеењето во Л.А. 8 години не можеш да ме обвиниш што немам партнер!“
Но, се чини дека огенената актерка паднала на Зак, кој дефинитивно ја покажува својата машка фигура додека уживаат на одморот заедно.