Бразилскиот модел Келсо Сантебањес, познат како „живиот Кен“ почина на 20 годишна возраст.
Келсо, починал поради воспаление на белите дробови, откако неодамна му била дијагностицирана леукемија.
„Живиот Кен“, стана познат во јавноста по тоа што потроши повеќе од 50.000 долари на пластични операции, со цел да личи на познатата кукла.
Тој има и своја линија на кукли во Лос Анџелес, а во јануари годинава призна дека повеќе не го интересира естетиката.
„ Повеќе не ме интересира тоа. Најважно ми е да сум здрав и ќе се борам за тоа“, изјави манекенот пред неколку месеци.